еТвининг вебинар за професорите по француски јазик
Меѓународната федерација на професори по француски јазик (FIPF) и францускиот Национален сервис за поддршка за еТвининг организираат вебинар кој што е отворен за сите професори по француски јазик од целиот свет. Темата на вебинарот ќе биде Вовед во еТвининг и придобивките од него за професорите и учениците. Целна група се сите професори по француски јазик и професорите кои наставата по својот предмет ја изведуваат на француски јазик независно од возрасната група на нивните ученици. Наставниците треба да бидат претходно зачленети во еТвининг на платформата www.etwinning.net. Вебинарот ќе се одржи на 17-ти февруари 2016 од 15.00 до 16.30 часот Централно европско време. Заинтересираните професори потребно е регистрацијата за вебинарот да ја направат најдоцна до 14 февруари 2016 на следниот линк
https://docs.google.com/forms/d/1aDDTL2AE5lndambZV32iFDzsdYOjwI0GM0DJuZpB6J8/viewform
Учесниците на семинарот ќе треба да бидат опремени со компјутер, интернет линија и основни уреди за следење на вебинар (микрофон и звучници/слушалки; камера не е задолжително).
Детали за вебинарот на француски јазик се достапни на следниот линк: http://fipf.org/actualite/une-formation-en-ligne-etwinning-pour-les-enseignants-du-reseau-fipf
allez voir le site:
http://www.na.org.mk/index.php/mk/novosti-detalna/items/etvining-vebinar...